Вистинско „лудило“ од коментари на социјалните мрежи во изминатите два дена во Србија и тоа по повод изјавата на Никола Јокиќ, ѕвездата на Денвер, дека се уште не знае дали ќе игра за својата земја на СП.

„Ќе биде важно како се осеќам, што мисли мојот тим, секако моето семејство, мојот агент. Се разбира дали тоа е добро за мене“ е одговорот на Јокиќ на прашањето за тоа дали има намера да игра за Србија на СП.

Е тој негов одговор просто ја разгневи спортската јавност во Србија, фановите, обичниот народ. Па така сега со коментари на интернет просто го „плукаат“ центарот на Денвер, кој имаше супер сезона во НБА.