КОЖУВ – БЛОКОТЕХНА 84:93 (26:25, 21:12, 23:23, 14:33)

Гевгелиското дерби и припадна на екипата на Блокотехна, која славеше над Кожув со  во последниот меч од тековното суперлигашко коло. Во меч кој донесе голема неизвесност цели 35 минути, одлуката падна во последните 5 минути до мечот, кога со фуриозен финиш, гостинските кошаркари успеаја да се изборат за посакуваната победа.

Кожув одигра одличен меч цели три четвртини, но потфрли кога најмногу требаше. Гостите предводени од неверојатниот Фунденбург кој средбата ја заврши со 40 поени, го скршија отпорот на домашните во финалните пет минути од средбата. Покрај Фунденбург, кај Блокотехна Думиќ постигна 19 поени, додека кај Кожув лидер беше Пејн со 21 поен.