Вечерва на стадионот „Славутич“ во Запорожје екипата на Шахтјор Доњецк го крена пехарот од Купот на Украина. Во финалето убедливо, со 4:0 го совладан тимот на Ингулец од Петрово и на тој начин популарните „рудари“ го обезбедија трофејот во Купот.

Ова е големо изненадување во украинскиот шампионат што второлигаш стигнува во финалето на Купот, а Ингулец помина пет препреки за да стигне до последното скалило, но сепак, не успеа да го турне далеку поквалитетниот Шахтјор Доњецк.

Стрелци на головите беа Тете (28, 39 мин), Жуниор Мораеш (45) и Соломон (64 мин.).

Шахтјор го освои 13-тиот трофеј во Купот на Украина. За Ингулец кој до 2014 година се натпреварувал во аматерската лига ова е сензационален успех. Моментално е седми во втората лига, а денеска едноставно немаа шанси против големиот Шахтјор. Разликата во класа беше евидентна.