Ајакс ја воодушеви Европа со својата храбра игра која за малку ќе му донесеше финале во Лигата на шампионите. Холандскиот тим сепак направи голем успех во домашното првенство, долго време ја чекаше титулата.

Откако вчера и официјално го потврдија статусот шампиони првпат после пет години, денеска заедно со своите фанови ја прославија двојната круна. Нешто порано Ајакс го освои Купот по пауза од девет години.

Денеска од Амстердам доаѓаат спектакуларни видео-записи, илјадници фанови излегоа да го прослават овој голем успех.