Неколку играчи на Атлетико Мадрид престојното лето ќе го напуштат тимот на Диего Симеоне, а веќе се бараат замени. Пред се голем удар ќе предизвика најавеното заминување на Антоан Гризман од таборот на Атлетико, па од тука аргетинскиот тренер мора да најде решение.

Еден од нив е Паоло Дибала од Јувентус, но се повеќе се шпекулира дека Симеоне ќе тргне по услугите на Лоренцо Инсиње од Наполи.

Инсиње пред неколку недели одби да потпише нов договор со Наполи, со што јасно даде до знаење дека сака да си оди од клубот. Тоа е шанса за Атлетико да го ангажира, и покрај тоа што за него има интерес, пред се од миланските тимови за ангажман на италијанскиот репрезентативец.