Според италијанскиот весник „Газета дело Спорт“, преставници на Атлетико Мадрид, наводно, веќе ги отвориле разговорите со агентот на Пауло Дибала за трансфер на „Ванда Метрополитано“.

„Атлети“ се сериозни во намерите да го донесат Дyбала, па затоа преговорите веќе одат со засилено темпо. Преставници на шпанскиот тим веќе разговарале со Густаво, кој е брат на Пауло, но работи и како негов агент.

Шпанците наводно веќе му понудиле на напаѓачот петгодишен договор вреден 9 милиони евра по сезона, плус бонуси.

Аргентинецот, пак, допрва сака да ги разгледа сите понуди, пред да донесе конечна одлука. Пауло исто така споменал дека сака да види каква ќе биде ситуацијата во Јувентус по најавеното заминување на Макс Алегри.

Во 25-годишниот фудбалер на Јуве, Симеоне гледа достојна замена за Гризман кој го напушти тимот.