Холандскиот шампион Ајакс вчера ја заврши сезоната во холандската елита со нов шампионски пехар и нов клупски рекорд. Имено, тековната сезона 2018/19 момците од „Јохан Кројф Арена“ ја завршија со фантастични 119 постигнати гола во првенството, што е трет најдобар резултат во историјата на клубот.

Во 63-годишната историја на холандската 1. лига, ова е третиот најдобар резултат, кога е ефикасноста во прашање. Интересно е што и двата други најдобри резултати на оваа листа се од Ајакс.

Евиденцијата на досегашните настапи низ историјата вели дека оние 122 гола од сезоната 1966/67 се едноставно недостижни, но Ајакс е автор и на вториот најдобар резултат на листата според бројот на постигнати голови во една сезона. Тоа се случи во сезоната 1985/86 кога тимот од Амстердам постигна 120 гола.

Ајакс е автор на 9 од 10-те најдобри резултати на листата според постигнати голови во една сезона во холандската елита.