Антоан Гризман пред неколку дена со видео-порака се збогува со фановите на Атлетико Мадрид, порачувајќи дека сака нов предизвик во својата кариера.

Многумина веруваа дека негова следна дестинација ќе биде Барселона, тим со кого го поврзуваа и претходните сезони кога беше на чекор до трансфер, но одлучи да остане во Мадрид.

Сепак „Марка“ денеска објави дека каталонскиот гигант не е единствен кој ќе се бори за неговите услуги, во редот застана и Манчестер Сити.

Неофицијално, Пеп Гвардиола е подготвен да направи се за да го доведе Гризман во своите редови, неговата откупна клаузула изнесува 110 милиони евра.

За „граѓаните“ оваа сума не е проблем, па токму затоа Гвардиола би можел да го расипе планот на Барселона.