Барселона го реши тренерското прашање и за следната сезона. Жосеп Марија Бартомеу изјави дека Ернесто Валверде е вистинскиот човек за каталонскиот тим и за следната сезона и покрај срамната елиминација од Ливерпул во Лигата на шампиони.

„Плановите за следната сезона се во тек, дел од играчите потпишаа договори, по завршување на „Купот на Кралот ќе продолжиме. Валверде пред неколку дена рече дека има поддршка од претседателот и одборот. Тоа е тренерот кого го сакаме, на половина пат сме на проектот. Има договор и среќни сме со него. Останува играчите се опорават од големот разочарување“, рече првиот човек на каталонскиот гигант.

Иако не успеа во Лигата на шампионите, Барселона е на добар пат да дојде до втората двојна круна во низа. Титулата веќе е освоена, се чека дуелот од Купот на Кралот против Валенсија.

„Тоа финале не е одлучувачки фактор за Валверде. Главна цел беше првенството, а потоа секако Купот на Кралот или Лигата на Шампиони“.

Договорот на Валверде со Барселона трае до 2020 година.