Легендата на Манчестер Јунајтед и на Англија, Дејвид Бекам во интервју за Отро откри дека на само еден натпревар во својата кариера имал трема. Финалето во Лигата на шампионите во историската 1998/99 кога Манчестер Јунајтед се соочи со Баерн Минхен.

Претходно „црвените ѓаволи“ ја освоија титулата во Премиер лигата, как и ФА купот, па им недостасуваше уште елитниот пехар за круна на сезоната.

„Никогаш не сум нервозен пред натпревар, ниту пред да почне, ниту, пак, при самиот натпревар. Но мора да признаам дека на тој меч имав ’пеперутки’ во стомакот. Победа на натпревар со такво значење во тој момент… Ништо не може да се спореди со тоа“ – изјави Бекам.

Бекам во својата кариера го има носено дресот и на Реал Мадрид, Л.А. Галакси, Милан и ПСЖ.