Српскиот кошаркар Бобан Марјановиќ доби епизодна улога во третиот дел на филмот Џон Вик (Трето поглавје: Подгответе се за војна). Марјановиќ, кој веќе четири сезони настапува во НБА лигата, а во Америка е познат по висината (222 цм), како и добродушноста и смислата за хумор.

По доаѓањето во Л.А. тој веднаш доби понуда за филмска улога, откако на платното дебитираше во 2015 година во српската кошаркарска драма „Ќе бидеме прваци на светот“.

Марјановиќ во Џон Вик глуми во сцена заедно со Кјану Ривс и е еден од негативците кои му стојат на патот на главниот актер.