Со оглед на тоа дека преодните рокови во сите лиги наскоро ќе започнат, шпекулациите се неизбежни. Во голем дел од составите свој удел имаат и новинарите, а кога станува збор за Барселона тоа е сосема нормално.

Каталонците оваа сезона ја освоија Ла Лига, но одново не успеаја да влезат во финалната трка за Лигата на шампиони, па токму затоа челниците на клубот мораат да вложат повеќе средства. Пред неколку месеци потпиша Де Јонг од Ајакс, а наскоро треба да пристигна и Де Лигѕ,

Шпанските медиуми веќе објавија како ќе изгледа тимот на Барселона, но дали ќе го предводи Ернесто Валверде или некој друг останува да биде познато наскоро по завршување на „Купот на Кралот“.