Борусија Дортмунд има договорено две засилувања во своите редови. Станува збор за левиот бек на Хофенхајм Нико Шулц, и за десното крило на Борусија Менхегладбах Торган Азар.

Интересно и двајцата во минатото беа дел од Борусија Менхеглабах кој беше предводен токму од сегашнио тренер на „милионерите“ Лусиан Фавре. Токму Фавре ги донесе и Шулц и Азар во Менхеглабах. Шулц дојде од Херта, а Азар како позајмен од Челзи.

Шулц сега игра за Хофенхајм и за него Борусија Д. ќе издвои 20 милиони евра, додека Азар ќе го купи за 30 милиони. Претходно Дортмунд го откупи договорот на Пако Алаксер од Барселона за 21 милиони евра, што значи дека во непочнат преоден рок „милионерите“ искешираа 70 милиони евра, но ќе заработат 64 милиони од трансферот на Пулишиќ во Челзи.