Вардар на последните два натпревари нема да смета на двајца искусни фудбалери. Станува збор за стоперот Евгениј Новак и за последниот играч за врска Филип Најдовски.

Двајцата се повредени, и нема да бидат на располагање на стручниот штаб на „црвено-црните“ за натпреварите против Победа на домашен терен и против Академија Пандев на гости. Поради повреда Вардар веројатно нема да смета ниту на Горан Попов кој го пропушти целиот пролетен дел од сезоната.

„Црвено-црните“ се блиску до освојување на второто место на табелата, и излезот во Европа идното лето.