Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски е прогласен за играч на сезоната на Кипар. Тој ја доби оваа награда по гласањето на сите тренери на тимовите, и истата ќе му биде доделена на 20. мај на гала вечер каде што ќе бидат прогласени најдобрите во кипарскиот фудбал за сезоната.

Тричковски оваа награда ја заслужи како еден од најдобрите стрелци, стана клупски стрелец број 1 во историјата, а беше најзаслужен што тимот обезбеди учество во групната фаза од Лигата на Европа.