Иако имаа предност од првиот меч со Дерби на гости, фудбалерите на Лидс Ј. пркоцкаа огромна шанса да се најдат во мечот кој води во Премиер лигата. Синоќа загубија дома со 4:2 и со тоа го завршија својот настап во тековната сезона.

Покрај клубот од „Иланд Роуд“ и играчите, меѓу најголемите губитници синоќе беше и извесниот Џејми, кој малку поранил со славењето, па на рамото си истетовирал дека неговиот Лидс Ј. е шампион на доигрувањето.

Интересно е што токму на овој баксуз Џејми ова не му е прва грешна тетоважа. Тој и минатата година однапред истетовирал дека Англија е светски шампион.

Вакво тело со погрешни тетоважи ретко се гледа. Храброст или глупавост… е тоа е прашање…