Поранешниот чувар на мрежата на шампионскиот тим на ЖРК Вардар, Маиса Песоа ја официјализираше својата врска со партнерката Никита Рамона, а за тоа се пофали на социјалните мрежи.

„Реков ДА. Ти си апсолутно совршена за мене“, напиша Рамона и се пофали со вереничкиот прстен.

Песоа во последните две сезони е дел од руски Ростов Дон со кој сезонава играше во финалето на Ф4 во Будимпешта во женската Лига на шампионите.