Финансиското контролно тело на УЕФА, отвори случај против Манчестер Сити, поради последните навиди за малверзации околу договорите со малолетни фудбалери, но и со спонзорските договори.

„Манчестер Сити е разочаран, но за жал, не и изненаден од случајот кој дојде до главниот истражител. Клубот е уверен во позитивен исход, затоа што обвинувањата не се точни. Дадовме неспорни докази, то тие се игнорирани“, се наведува во соопштението на клубот.

На англискиот шампион му се заканува казна со забрана за трансфери, како и со исклучување од настапите во Лигата на шампионите.