Легендарниот шпански голман Икер Касиљас се очекува деновиве и официјално да обелодени дека става крај на фудбалската кариера и дека следен предизвик за него ќе биде работата на функција во Порто, тврди весникот О’Жого.

Касиљас, кој веќе четири години е дел од португалскиот клуб доживеа срцев удар на тренинг минатиот месец, му беше направена хируршка интервенција и поради тоа е принуден да се збогува од професионалното играње фудбал.

Клубот, веднаш најави дека сака да го задржи Шпанецот во своите редови, но се чека на Порто да најави која ќе биде неговата улога во иднина.