Капитенот на Тотенхем, Хари Кејн, кој месец дена е надвор од теренот поради повреда на зглобот ќе биде подготвен за финалето во Лигата на шампионите во Мадрид на 1 јуни.

Кејн ги пропушти и четвртфиналните и полуфиналните дуели од ЛШ и иако се сметаше дека сезоната е завршена за него, сепак ќе се потруди да се подготви и да им помогне на соиграчите за најважниот трофеј во сезоната.

„Се надевам дека ќе бидам подготвен. Рехабилитацијата тече добро. Почнав со праволиниско трчање и добро се чувствувам…Не сакам да зборувам ништо однапред. Ќе видиме. Засега е добро. Ако тече како досега тогаш се надевам дека ќе бидам подготвен до 1 јуни“ – изјави Хари Кејн.

Тренерот Маурицио Почетино ниту ја потврди, ниту ја демантираше ваквата информација.