Вардарци комплетни гледаат кон фајнл-фор во Лигата на шампионите во Келн. Левиот бек Кристијан Дисингер е во финална фаза од рехабилитацијата на левата рака по страотниот пад, кој го имаше во финалето на СЕХА Ф4 во Брест, и и се приклучи на екипата на тренинзи.

Единствениот Германец на Ф4 во Келн, напорно работи за да биде подготвен и да истрча на теренот во „Ланксес“ арената. Во моментов и натаму работи индивидуално, односно на зајакнување на мускулатурата на раката, но најважното е дека е заедно со тимот и следе се што Роберто Парондо подготвува како тактика за полуфиналниот ривал Барселона.

Дисингер најави дека едвај чека да почне Ф4, а фактот дека ќе биде единствен домашен претставник на теренот, заедно со премиерата во Келн нема сомневање дека ќе бидат дополнителен мотив за него комплетно подготвен да ги дочека полуфиналето на 1 јуни.

Вардар на третиот во низа настап на Ф4 во Келн, во полуфиналето ќе се соочи со Барселона, натпревар кој е закажан за на 1 јуни, во вториот термин од 18 часот.