Уругвајскиот напаѓач од екипата на ПСЖ, Единсон Кавани остана без исклучително скапиот автомобил. Уругваецот повторно бил мета на крадците, кои овој пат му го украдоа 200.000 евра вредниот Рејнџ Ровер.

Според информација од полицијата, за среќа на Kавани, крадецот бил веднаш фатен. Интересно е што во текот на оваа сезона, Кавани веќе беше посетен од крадците во неговиот дом, а ограбени беа и домовите на уште двајца фудбалери на ПСЖ, Тиаго Силва и Чупо-Мотинг.