Кошаркарите на Торонто испуштија голема шанса да го изненадат Милвоки на гостински терен во првиот финален дуел од серијата во Источната конференција. Пред своите навививачи, сепак, Бакс славеа со 108:100 во меч во кој Репторс се распаднаа во последната четвртина која ја загубија со 32:17 и дозволија да бидат поразени.

Торонто имаше предност речиси во целиот тек на мечот, но работите тргнаа на лошо во последните 10 минути.  Брук Лопез погоди буквално се, па од 13 дојде до 29 поени во последниот период на мечот. Водството кое го најави триумфот на Милвоки дојде на 140 секунди пред крајот на средбата, токму со забивање на Лопез. Адетокумбо постигна 24 поени во триумфот на домашните, додека Миротиќ имаше 13.

Репторс го имаа Ленард со 31 поен и Ловри со 30, но на крајот не знаеја како да ги задржат и оние +13 кои ги имаа во голем дел од мечот.