Рафаел Надал буквално го „избриша“ грузискиот тенисер Николоз Басилашвили со 6:1 и 6:0, и си обезбеди пласман во четвртфиналето на АТП турнирот во Рио.

Надал немаше никакви проблеми со својот ривал, на кој му дозволи да освои само еден гејм.

И во вториот меч денеска Шпанецот беше без милост, со оглед на тоа дека и во претходниот дуел со Французинот Жереми Сарди победи со ист резултат.