БЕЛГИЈА 1 – Топ 6 група (9.коло)

СТАНДАРД – КЛУБ БРИЖ
Четврток, 20.30
Шифра: 1810

Наши предлози
КМБ      1X&ГГ    2,60
ТГГ          ГГ3+       1,80
* квотите подлежат на промени

Стандард е клучниот фактор во шампионската трка во Белгија – најпрвин го дочекува бранителот на титулата Клуб Бриж, а во последното коло му гостува на водечкиот Генк кој има три бода повеќе од сино-црните и дури со шанса со победа над Андерлехт во Брисел (вечерва) да го зграпчи пехарот. А условот за ова последното е на „Морис Дуфранш“ да нема двојка, а момците од Лиеж ќе се потрудат да му го загорчат животот на актуелниот првак.

Имено, најголемата несреќа на Клуб Бриж е директната вмешаност на „црвено-белите“ и „виолетовите“ во неговата судбина затоа што тешко е да се каже кој од овие два ривали помалку го поднесува. Од друга страна формата му дава надеж да се надева на триумф; врза три победи, а онаа неделната над Генк можеше да биде и поубедлива од оние 3:2, со оглед на тоа дека на „штрумфовите“ им одржа час по модерен фудбал. Покрај огромната самодоверба на избраниците на Иван Леко им оди во прилог и длабоката криза во која влезе Стандард поради четирите едноподруго порази. Тоа е несвојствено за екипите кои ги тренира Мишел Прудом, но со евентуална победа тимот од Лиеж со еден удар би ги „сотрел“ двата најголеми „непријатели“: Клуб Бриж би го оставил без титула, а Андерлехт без Европа.

А фактот што на претходните десет меѓусебни дуели (сметајќи го и Купот) не е видена двојка доволно зборува колкава предност дава домашниот терен, па и покрај лошите остварувања на екипата од „Шлесан“ најпрвин би се определиле за КМБ 1Х&ГГ затоа што Стандард, и кога победува, и кога губи, тоа го прави со спуштен гард. Од таквиот негов стил, односно од потребата на Бриж за бодови доаѓаме и до ГГ3+.