Манчестер Јунајтед денеска и официјално ги престави новите дресови за сезоната 2019/20. Новите дресови се во традиционална црвена боја. Логото на клубот е направено во црна и златна варијанта, која асоцира на сезоната 1998/99, во која Манчестер Јунајтед стана шампион на Англија, победник на националниот куп, како и освојувач на Лигата на шампионите.

На ракавите има натписи  “90 + 1” и “90 + 3”, симболизирајќи го времето на постигнување на одлучувачките голови на финалниот меч од ЛШ против Баерн Минхен (2:1).