Парма е сериозно заинтересирана во своите редови да го донесе голгетерот Илија Несторовски. По новонастанатата ситуација со Палермо и префлувањето во Серија „Ц“, Парма сега притиска да го донесе во своите редови.

Спортскиот директор на Парма Кристијано Фаџајано наводно му порачал на голгетерот дека ако е подготвен да си замине, би бил добродојден во Парма.

Покрај Парма, за него има интерес и од Болоња. Според последните информации, се чини дека ќе остане во Италија, и покрај тоа што сега и Хајдук се јавува како потенцијален „купувач“, иако мали се шансите македонскиот репрезентативец да се врати во Хрватска.