Најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев, се најде на листата на 25 ТОП-фудбалери кои во текот на ова лето ќе може да се добие практично без пари. Пандев на 30 јуни го завршува двегодишниот договор со Џенова и доколку не потпише нов, може да замине во друг клуб без отштета.

Покрај Пандев, на оваа листа се најдоа и следниве фудбалери:

Хуан Мата (Манчестер Ј.), Антонио Валенсија (Манчестер Ј), Андер Ерера (Манчестер Ј), Оливие Жиру (Челзи), Гери Кејхил (Челзи), Дани Велбек (Арсенал), Начо Монреал (Арсенал), Даниел Стариџ (Ливерпул), Џејмс Милнер (Ливерпул), Алберто Морено (Ливерпул), Фернандо Љоренте (Тотенхем), Арјен Робен (Баерн М), Франк Рибери (Баерн М), Томас Вермален (Барселона), Адриен Рабио (ПСЖ), Дани Алвеш (ПСЖ), Рикардо Монтоливо (Милан), Даниеле Де Роси (Рома), Марио Балотели (Олимпик М.), Енди Керол (Вест Хем), Хатем Бен Арфа (Рен), Хектор Ерера (Порто), Шинџи Оказаки (Лестер) и Андреа Барѕаљи (Јувентус).