Стратегот на „романтичарите“ Баже Лазаревски нема среќа, никако не може да смета на сиот свој играчки потенцијал.

Познато е дека на минатиот меч со Македонија ЃП, кој неговите момци го добија со 2:0, не му играа Вијачки и Димитровски кои се главни дефанзивци. Сега, за неделниот меч со Беласица тие му се враќаат, но затоа поради пет жолти картони ќе ги нема капитенот Баже Илијоски и главниот играч за врска Оливер Пеев.

Па така ослабен Работнички оди најмалку на бод во Струмица, со тој бод и дефинитивно го изборува опстанокот. Односно нема шанси да биде деветти на крајот, со оглед на тоа дека „романтичарите“ сега се шести и имаат пет бодови предност пред Беласица која во пресрет на последните две кола е претпоследна.