И натаму не се знае што ќе се случува со Гонзало Игуаин кој што во моментов настапува во Челзи како позајмен фудбалер од Јувентус. Аргентинскиот напаѓач е на „статус кво“ со оглед дека лондонскиот тим нема донесено одлука што ќе прави со него. Има варијанта да го откупи, или да го позајми на уште една сезона од Јувентус.

Враќање во Јувентус, пак, никако не е опција за овој искусен голгетер, со оглед дека во овој тим веќе е непотребен, односно со доаѓањето на Кристијано Роналдо, за Аргентинецот нема место во тимот на „старата дама“.

Третата опција е Јувентус да го продаде на некој трет клуб.