Пауло Дибала е пред излезни врати од Јувентус. Тој добиваше малку минутажа оваа сезона, а веќе бара нов клуб. Манчестер Јунајтед, Атлетико, ПСЖ… се само дел од клубовите кои сакаат да го видат Аргентинецот оваа сезона.

Дека Дибала ќе си замине од Јуве потврдува и неговиот брад Густаво. Тој во интервју за едно радио без влакна на јазикот кажа кој е главниот проблем во Јувентус оваа сезона. Верувале или не, според него е Кристијано Роналдо.

„Мојот брат со Роналдо нема проблеми надвор од теренот. Но на него, тоа е сосема друга приказна. Не можете против него. Мојот брат се чувствуваше убаво во Италија, сега не е повеќе. Пауло не е единствен кој е несреќен. Многумина се, и верувам дека многумина ќе отидат поради него“, изјавил Густаво.