Филип Миркуловски и Вецлар брзо им се вратија на победите по онаа мини-серија од два порази во низа, на домашен терен го совладаа Гепинген со 24:22 (10-9) во рамките на 32. коло во Бундес-лигата.

Некогашниот македонски репрезентативец беше на нивото на задачата, постигна четири гола од пет обиди и додаде уште две асистенции. Марсел Шилер со седум гола беше прво име во редовите на Вецлар.

За тимот на Миркуловски ова беше 12. победа оваа сезона, со едно реми и 19 порази се наоѓа на 12. место на табелата каде лидер е Фленсбург, Рајн Некар на Филип Талески е на третата позиција.