Без разлика колкав е интересот, без разлика колку понуди има, се чини дека најверојатно Елиф Елмас ова лето нема да мрда од Фенер, од Босфор, од Истанбул.

Вчера медиумите во Турција најавија, а СПОРТМЕДИА пренесе, дека клубот му нуди нов договор на „дијамантот“ кој чини 1 милион евра, денеска пак ја пренесуваат молбата на тренерот Ерсун Јанал до раководството на турскиот гигант да не се продава Елиф Елмас, барем уште една година.

Тој уште сега ги почнал плановите за следната сезона, а „дијамантот“ бил еден од главните фактори во тој нов тим. Сепак ќе видиме на што ќе се реши Фенер, посебно ако се знае дека има понуди за Македонецот во висина и до 20 милиони евра.