Дерби Каунти и Астон Вила на 27 мај на „Вембли“ ќе се борат во култниот меч за влез во Премиер лигата следната сезона. Френк Лапард како тренер на Дерби Каунти, на мегдан против Џон Тери, кој е помошен тренер во Астон Вила.

Овие двајца цели 15 години играа заедно во Челзи. Ги освојуваа титулите и во Англија и во Лигата на шампионите. Едниот беше капитен, другиот негов заменик. Сега во нови улоги, но на спротивни страни.

Двајцата големи пријатели, двајцата фудбалски браќа сега се подготвуваат за „најскапиот меч“ во светот. Дуелот на „Вембли“ е вреден најмалку 200 милиони евра, колку што се претпоставува вреди самиот влез во англиската елита. Од нив 100 милиони се само награда за шампионот на Чемпионшип.