Во недела од 16:30 часот ќе има двојна битка во Велес за влез во Втората лига – Исток. Имено се игра последното коло од Централниот регион а се среќаваат Бабуна – Питу Гули и Превалец – Марена. И двата меча се играат во градот на Вардар, а прашање е дали Крушево по подолго време или Велес ќе добијат второлигаши. Во пресрет на последното коло лидер е Питу Гули кој има 52 бодови, додека Превалец е втор со еден помалку. Сепак треба веднаш да се каже дека на крушевчани задачата им е потешка, играта во Велес и тоа на гости кај квалитетната екипа на Бабуна које трета.

Па така Питу Гули или Превалец, ќе дознаеме во недела околу 18:30 часот. Во случај на ист број бодови тогаш Крушево добива второлигаш со оглед на тоа дека има подобар меѓусебен скор.