Роџер Федерер се спаси во осминафиналето на турнирот во Рим, откако со 6:2, 4:6, 6:7 (7-9) го елиминираше Хрватот Борна Чориќ.

Чориќ одигра одличен прв сет, во кој буквално го остави без одговор Федерер, кој пак, возврати во вториот сет. Хрватот имаше шанса за победа и водство од 5:2, односно две меч-топки на 6:4, но откако не ги искористи стигна казната.

Федерер беше ладнокрвен и крајно самоуверен во најважните моменти од средбата и со 7-9 се го обезбеди пласманот во четвртфиналето.

Ова беше шести меѓусебен дуел меѓу Чориќ и Федерер, во кој Швајцарецот дојде до четвртата победа.