Деновиве ФК Шкендија е домаќин на делегација на Динамо Загреб, односно главните во академијата на хрватскиот гигант се гости на академијата на Шкендија. Вчера тие беа примени од првиот човек на нашиот шампион Висар Беџети, додека денеска се одработија и првите тренинзи и тоа под водство на Тамара Деспот. Жената која е главна за физичката кондиција на младите категории во Динамо Загреб. Таа им одржа и предавање на тренерите на Шкендија за тоа како работи најдобрата фудбалска школа на овие простори.