Во недела под Шара ќе се слави нова титула на Шкендија, трета вкупно или втора во низа. Имено со оглед на тоа дека Шкендија е домаќин на А. Пандев, а во последното коло и гостува на Ренова, старо – новиот шампион во договор со ФФМ, се реши во недела да има шампионска прослава.

Секако дека тогаш претставник на Фудбалската Федерација на Македонија, на капитенот Арменд Алими ќе му го додели пехарот за најдобар клуб во Македонија за сезоната 2018/2019. Се очекува голема посета и уште една спектакуларна прослава, онака како што беше во 2011 и во 2018 година.