Од следната сезона Шефилд Јунајтед ќе го гледаме во една од најсилните лиги во светот, нешто што ниту фановите на овој тим не очекуваа на стартот на сезоната. Но, одличниот финиш им донесе голема радост, успеа да го престигне Лидс и да обезбеди директно место.

Денеска англиската јавност остана во шок откако се појавија информации дека Шефилд е поврзан со семејството на терористот Осама бин Ладен.

Oвој случај се наоѓа во судот помеѓу сопственикот на Шефилд, Кевин Мекејб и принцот Абдулах бин Мосад бин Абдулазиз Ал Сауд, кои се во жестока битка веќе три години. Мекејб и Абдулазис се сретнаа во 2013 година, Мекејб го повика да инвенстира во Шефилд, принцот се согласи и вложи околу 10 милиони евра.

Двајцата страна ко-сопственици, но пред две години влегоа во голема битка. Абдулазиз ги побара парите назад, во меѓувреме Шефилд подигна кредити, а во очи падна позајмицата од три милиони фунти, која беше донесена од страна на организацијата “Делта Проект “. На суд се докажа дека оваа организација е поврзана со Ал-Каеда, која е во сопственост на семејството на Осама бин Ладен.

Најверојатно Мекејб бил свесен од каде доаѓаат парите, но не очекувал јавноста да дознае.