Милан Шкриниар, словачкиот стопер кој беше баран од неколку клубови, меѓу кои и Барселона, стави крај на сите шпекулации продолжувајќи го договорот со Интер до 2023 година.

„Шкриниар останува со нас до 2023 година“, објави на својата интернет страница тимот на Интер.

Шкриниар пристигна во Интер во 2017 година. 24-годишниот стопер веднаш се наметна како стандарден првотимец на тимот на „нероаѕурите“.