Светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ дојде до втората победа денеска во Рим, овојпат над Германецот Филип Колшрајбер, кого го совлада во два сета, 6:3, 6:0 за 64 минути игра.

Србинот сакаше што побрзо да го затвори овој меч и успеја во тоа, особено во вториот сет, во кој доминираше.

Ѓоковиќ во четвртфиналето во Рим ќе игра против Хуан Мартин дел Потро.