Како што тврди шпанскиот весник „АС“, српскиот репрезентативец Лука Јовиќ следната денеска ќе слета во Мадрид на финални преговори и потпис на договор со екипата на Реал.

21-годишниот напаѓач на германски Ајнтрахт ќе стане нов член на тимот на Зидан, откако за него интерес имаше од скоро сите поголеми европски тимови.

Ајнтрахт од неговото заминување ќе заработи 60 милиони евра, а „кралевите“ имаат интересен план за Јовиќ следната сезона. Имено, тој следната сезона ќе биде партнер во нападот со искусниот Бензема, а веќе од 2020 година треба да стане лидер во напаѓачкиот ред на мадридскиот тим.

Договорот меѓу Јовиќ и Реал (М) се очекува да биде потпишан на 6 години.