Јувентус и официјално објави дека ја прекина соработката со 51-годишниот стручњак. Наскоро ќе има прес-конференција на која ќе се обрати првиот човек на клубот, ќе ги изнесе сите детали.

Масимилијано Алегри на „кормилото“ на тимот од Торино дојде во 2014 година и само ја продолжи доминацијата во Серија А, која ја започна неговиот претходник Антонио Конте.

Успеа да освои пет титули во низа, на својот учинок додаде уште четири пехари во Купот и два во Суперкупот на Италија. Сепак не успеа да дојде до трофејот кој сите го посакуваат во Лигата на шампионите. Јувентус го водеше на 269 натпревари, забележа 191 победа, 42 нерешени резултати и 36 порази.

До крајот на оваа сезона ќе го води тимот против Аталанта и Сампдорија, а во Џенова ќе се збогува.

Неговиот наследник ќе биде познат наскоро…