Непријатно изненадување во полуфиналето на плеј-офот во Суперлигата доживеа полскиот првак Келце, кој претрпе пораз од 32:31 на гостувањето кај Гвардиа Ополе.

Иако последното соочување меѓу овие два тима заврши со десет гола разлика за Келце, во плеј-офот Ополе се бореше до крај и славеше во последните секунди.

Ова беше вистински шок за Талант Душебаев и неговиот тим, со оглед на тоа дека последен пат во полското првенство загубиле во март 2016 година во дуел со Висла Плоцк.

Реваншот се игра утре, а доколку се пласира Келце во финалето ќе се соочи со Висла Плоцк или Квизин.