Шпанскиот кошаркарски репрезентативец Хуан Ернангомес, кој игра во Денвер Нагетс, претрпе операција поради повреда на мускул на стомакот. Постапката била извршена во Филаделфија, а од клубот не сакаат да предвидуваат колку време ќе му биде потребно за да се врати на паркетот. Сепак, некои предвидувања велат дека тој има шанса тој да игра за својата земја на Мундијалот 2019 во Кина кон крајот на летото.

206-сантиметри Ернангомес запиша 70 натпревари за Нагетс во регуларната сезона, а во нив стигнуваше до просекодо 5,8 поени, 3,8 скока и 0,8 асистенции. Во НБА лигата, за Ернангомес тимот на Нагетс е првиот состав за којнастапува откако беше избран од составот од Колорадо како 15-ти пик на Драфтот во 2016 година.