Дерби Кантри ќе игра во финалето на плеј-офот за влез во Премиерлигата, а големата победа над Лидс Јунајтед ја прославија како веќе да се нашле во големото друштво.

Прославата во пабот „Срцето на кралот“, која на крајот ја платил Френк Лампард и ги почести момците изнесувала 2.800 фунти, односно 3.201 евро.

Играчите на Дерби Кантри испиле 209 пива, 75 јегери, 65 вотки, 54 коктели, 38 текили, 29 виски и една диетална кока-кола.

Во финалето Дерби Кантри игра со Астон Вила, а натпреварот е закажан на 27. мај. Тимот, кој ќе избори пласман во Премиерлигата ќе заработи 100 милиони фунти (114.344.500 евра).