Попладнево од 16:30 часот се игра претпоследното коло во Втората лига – Запад. Струга Трим Лум, како првак во оваа конкуренција, гостува во Скопје и тоа на Автокоманда. Новиот прволигаш на најубав можен начин ќе посакува да и се претстави на фудбалската јавност во главниот град. Во Западната конкуренција само една дилема не е разрешена. А таа е кој освен Генч Калемлер и Гоблен ќе испадне. Битката е меѓу Кораби кој има 32 бодови и Тетекс со три помалку. Денеска под Шара „штофарите“ го очекуваат составот на Генч Калемлер а Кораби пак му гостува на Гостивар. Да потсетиме дека Лабуништа и дефинитивно, како втора ќе игра во баражот.

 

ДВОЈКИ ЗА 26. КОЛО – ДЕНЕСКА 16:30 Ч

ТЕТЕКС – ГЕНЧ КАЛЕМЛЕР

ЛАБУНИШТА – ВЛАЗЕРИМИ

ГОСТИВАР – КОРАБИ

СКОПЈЕ – СТРУГА ТРИМ ЛУМ

ПЕЛИСТЕР – ГОБЛЕН

#🇲🇰 КЛУБОдиграниПобедиНерешениПоразиДГПГБодови
1Пелистер962119720
2Дрита9504141215
3Лабуништа943211915
4Велазерими 77942391314
5Скопје9414101013
6Гостивар9333131212
7Вардар (Ф)9324151211
8Кораб9324151511
9Кадино92256128
10Охрид92166167