Пеп Гвардиола вечерва со својот Манчестер Сити ќе атакува на тројната домашна круна. Во финалето на ФА Купот ќе игра против Вотфорд, а претходно ја освои Премиер лигата, а триумфираше и во Лига купот.

На прес-конференцијата пред мечот со Вотфорд Пеп покажа знаење и за состојбите во женскиот фудбал, а не само на својот тим и машкиот фудбал. Новинар му кажа на Пеп дека Сити може да стане првиот тим кој ќе освои тројна круна во Англија, а тој додаде:

„Да те исправам. Првпат во машкиот фудбал. Девојките веќе го направиле тоа“, кратко одговори шпанскиот тренер.

Гвардиола алудираше на постигнувањето на женскиот тим на Арсенал од 2008/09. Арсенал е најуспешениот женски фудбалски клуб на Островот.