Рафаел Надал е првиот финалист на мастерсот во Рим, откако во полуфиналето со 6:3, 6:4 славеше над Стефанос Циципас. Со оваа победа шпанскиот тенисер му се реваншираше на Гркот за поразот пред една седмица во Мадрид.

Противник на Надал во финалето ќе биде победникот од вториот полуфинален меч меѓу Новак Ѓоковиќ и Диего Шварцман.