Пред почетокот на актуелната сезона „Спортмедиа“ пишуваше дека тогаш трансферна цел на Црвена Звезда беше Илија Несторовски, како засилување на екипата во атакот кон групната фаза од Лигата на шампионите.

Сега повторно македонскиот репрезентативец е во плановите на тимот од белградска „Маракана“, меѓутоа само во случај повторно да замине голгетерот Ричмонд Боачи.

Несторовски има понуди од многу клубови, откако Палермо е се поблиску до преселба во Серија „Ц“ со одлука на судот во Италија. За него се интересира и Парма, Болоња, како и сплитски Хајдук, кој што во моментов е се чини последна опција.

Играње во квалификациите од Лигата на шампионите, можеби ќе биде привлечно за Несторовски да размисли да напуштање на Италија и преселба во Србија.